
Почитувани кандидати за слушатели пријавени на јавниот за прием на IX генерација слушатели во почетна обука,
Ве известувам дека денес, Приемната Комисија ја одржа својата 17-та седница. Комисијата разгледа некои барања од тековното работење и беше известена дека во фаза на изработка се новите подзаконски акти на Академијата, со кој актите се усогласуваат со одредбите од новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители.
Комисијата побара од стручната служба да биде информирана за сите евентуални промени на утврдените термини во Временска динамика за спроведување на испитот, со цел кандидатите за тоа да бидат известени веднаш.
За таа цел редовно следета ја нашата веб страница каде што навремено ќе биде известени за сите промени околу спроведувањето на приемниот испит.