
Почитувани кандидати за слушатели пријавени на јавниот оглас за IX генерација слушатели во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители,
Ве известуваме дека денеска Комисијата за приемен испит одржа седница на која ја утврди Временската динамика за спроведување на понатамошниот дел од приемниот испит, со која полагањето на фазите од приемниот испит се усогласува со новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители.
Како и претходно, Ве известуваме дека истата претставува орентациона рамка по која ќе се одвива полагањето на останатите фази од Приемниот испит, а за полагањето на секоја фаза од испитот ќе Ве известиме со посебно известување, па затоа редовно следете ја нашата веб страница.