Известување за текот на приeмниот испит

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука,

Ве информираме дека Управниот одбор на Академијата одржа седница на која го разгледа Заклучокот на Владата на РСМ усвоен на 214-та седницата одржана на ден 26 декември 2023 година. Во моментов, Управниот одбор ги разгледува сите можности за спроведувањето на квалификацискиот тест согласно закон.

Како што веќе знаете, Временската динамика за полагање на Приемниот испит беше менувана повеќе пати, од причина што беше донесен нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители, нови подзаконски акти согласно истиот, истек на договорот за одржување на електронскиот систем за полагање на испити во државните институции, како и поради други фактори кои имаа влијание на спроведувањето на некои фази од приемниот испит, Академијата транспарентно и навремено Ве известуваше за секоја нова измена.

Со цел добивање навремени и точни информации, продолжете да ја следите нашата веб страница, како единствено средство за информирање во однос на понатамошниот тек на Приемниот испит.