Известување за понатамошниот тек од приемниот испит за прием во IX генерација на почетна обука,

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати за слушатели за прием во IX генерација на почетна обука,

Ве известуваме дека Комисијата за приемен испит денеска одржа седница на која се разгледуваше понатамошниот  тек на приемниот испит. Имајќи предвид дека во собраниска процедура е новиот предлог закон за Академијата за судии и јавни обвинители и истиот се очекува да биде донесен до крајот на месецот, Комисијата одлучи квалификацискиот тест да не се полага во термините од временската динамика  – од 29 мај до 04 јуни  2023, туку за термините дополнително ќе Ве извести, бидејќи предлог законот предвидува измена во редоследот на  полагање на деловите од приемниот испит.

За натамошната динамика на приемниот испит, ќе бидете дополнително известени откако Комисијата за приемен испит ќе одржи седница и ќе го утврди редоследот на полагање и термините на понатамошните фази од испитот.