ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕДМА СЕДНИЦА НА ПРОГРАМСКИОТ СОВЕТ НА АКАДЕМИЈАТА

logo_asjo_news_mk

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (,,Службен весник на РМ’’ број 129/23 и 53/24), заменик на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, судија, м-р Илир Исени ја свикува:

 

СЕДМАТА СЕДНИЦА НА ПРОГРАМСКИОТ СОВЕТ НА АКАЕДМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

која ќе се одржи на 05.09.2024 година, со почеток во 11:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата (ламела 1), со следниот Предлог:

ДНЕВЕН РЕД

  1. Усвојување на Записник од шестата седница на Програмски совет одржна на 24.07.2024 година;
  2. Разгледување и утврдување на нови пријави на предавачи во АСЈО
  3. Информација од одржани работни состаноци на ПС во врска со ревидирање на симулации и студии за изготвување на пресуди и обвиненија за практична настава и завршен испит за осмата генерација слушатели во почетна на АСЈО
  4. Разно