Известување за нова временска динамика за спроведување на понатамошниот дел од Приемниот испит

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука,

Како што Ве известивме по одржувањето на претходната седница на Комисијата на ден 25.12.2023 година, Управниот одбор на Академијата се обрати со допис до Владата на РСМ за изнаоѓање на итно интервентно решение за продолжување на Приемниот испит за IX генерација слушатели во почетна обука. На ден 27.12.2023 година, Владата на РСМ со допис број 41-13868/2 од 26.12.2023 година ја извести Академијата дека Владата на седница одржана на 26 декември 2023 година донела заклучок со кои ги задолжува сите институции кои имаат потреба од спроведување на електронски испити, истите да ги спроведат во хартена форма, со електронски читач, до завршување на постапката за јавна набавка на услуги за одржување на електронскиот систем за полагање на испити од страна на Министерството за информатичко опшество и администрација.

Имајќи го во предвид ова решение, на денешната седница, Приемната Комисија утврди нова Временска динамика за понатамошниот тек на Приемниот испит, а притоа водејќи сметка да има доволно период Управниот одбор да донесе акт со времен карактер со кој ќе се уреди начинот на спроведување на испитот.  За таа цел, Ве молиме редовно да ја следите веб страницата, каде што ќе бидете информирани за сите новости.