
Заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија м-р Илир Исени беше дел од Регионалната конференција со наслов: „Издигнување над насловите: Заштита на слободата на медиумите и јакнење на правосудството во Западен Балкан“, која се одржа во период од 06 до 08 декември 2023 година во Јахорина, Босна и Херцеговина.
Press Unlimited со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.
Академијата има воспоставена соработка со Хелсиншкиот комитет на Кралството Холаднија и Free Press Unlimited и како дел од оваа соработка беа реализирани повеќе активности во насока на заштитата на слободата на медумите во Северна Македонија, но и јакнење на комуникацијата помеѓу судовите и јавните обвинителства од една страна и медиумите од друга страна.
На конференцијата присуствуваа судии и јавни обвинители, правни експерти и претставници на новинарски здруженија и асоцијации од земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија.
Во фокусот на оваа конференција беше ставен односот помеѓу клучните правосудни органи и медиумите. Се дискустираше за безбедноста на новинарите, беа споделени најефикасните решенија за унапредување на односите помеѓу судите, јавните обвинители и медумите. Се разговараше за статусот на новинарите, а беа презентирани и познати случаи како од Западен Балкан така и од ЕУ, во кои жртви на напад биле токму новинарите.
Во текот на конференцијата се одржаа три панел сесии во кои се разгледуваа разни аспекти поврзани со темата. А во рамки на третата панел сесија насловена како „Разумно сомневање. Нова јуриспруденција“, заменик директорот, судија м-р Илир Исени беше еден од говорниците на панелот, на која се осврна на следниве прашања: Дали постои притисок од јавното мислење во ситуација на убиство на новинар/и? Што има најголем ефект врз одлучувањето? Каков вид на докази се бараат за да се докаже намерата за убиство на новинар/и? Дали стандардот на разумно сомневање може да има влијание во јавноста кога се зборува за убиство на новинар/и?
.
Во Завршната изјава за исходот на Втората регионална конференција, од страна на Холандскиот Хелсиншки комитет и Free Press Unlimited, беше изрезена благодарност за активното партнерство и на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија. Беше истакнато и тоа дека останува посветеноста за понатамошно градење и зајакнување на врската помеѓу судскиот систем и новинарската заедница во однос на постоечките и новите предизвици како што се безбедноста на новинарите преку Интернет и Стратешките судски спорови против учеството на јавноста (СЛАПП), како и подршката за понатамошните дијалози меѓу новинарите и судските професионалци на ниво на земја.