Заменикот директор, судија Илир Исени учествуваше на Конференцијата за независно, непристрасно и судско управување, во Прага, Чешка

Foto 6

Заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени во рамки на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и CEELI Институтот учествуваше на Конференцијата за независно, непристрасно и судско управување која се организираше како дел од активностите на Мрежата за судска размена на Централна и Источна Европа.

Конференцијата се одржа на 12 и 13 мај 2023 година, во Вила Гребовка, Прага, Република Чешка и на истата присуствуваа правни практичари и експерти од повеќе земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Грузија, Косово, Литванија, Молдавија, Полска, Романија, Словенија, Унгарија, Украина, Хрватска, Холандија и САД.

Работниот концепт го сочинуваа 5 сесии на следните теми: Сесија1: Судските совети и нивната улога во гарантирањето на судската независност и непристрасност, каде излагање имаа  судии од Поласка и САД; Сесија 2: Здруженијата на судиите и нивната улога во промоцијата и зачувувањето на судската независност каде излагања имаа судии/претставници на Здрженијата на судиите на Австрија, Бугарија Словенија и Романија; Сесија 3: Ветинг во судството, каде своите погледи и правни размислувања ги споделија судии и правни практичари од Хрватска, Молдавија, Полска и Албанија; Сесија 4: Слобода на изразување на судиите, за која говореа судии од Унгарија, Холандија, Хрватска и Косово, и Сесија 5: Улогата на судиите во општеството и најдобрите практики за надминување на изолираноста и комуникацијата со јавноста на судиите, каде што свои излагања имаа правни практичари од Хрватска, EULEX Косово и Полска.

 

Сите присутни имаа можност да ги споделат своите искуства со експертите и да земат активно учество во дискустиите кои се развиваа во текот на реализацијата на конференцијата.

Заменикот директор, судијата Исени, покрај своето учество во дискусиите, ја искористи дадената можност и оствари низа неформални средби меѓу кои и со првите луѓе на CEELI Институтот, Marek Svoboda, програмскиот директор, и Marcela Entlichova, програмскиот менаџер, со кои беа разгледани можностите за унапредување и зацврстување на соработката помеѓу Академијата и Институтот, преку потпишување на Меморандум за соработка, со  кој ќе се дефинираат и реализираат активности од заеднички интерес на двете институции, а во насока на унапредување на правосудниот систем на Република Северна Македонија и владеењето на правото.