Денес (15 декември 2022 година) во просториите на Академијата, директорката на Академијата проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, одржа работен состанок со претставникот на Канцеларијата на УХНЦР, Тихомир Николовски, правен советник и претставниците на Меѓународниот институт за хуманитарно право, Санремо, Република Италија: Клаудио Делфабро, директор на Одделот за меѓународно право за бегалци и миграција и Кристијан Михајловски, координатор на Академското одделение, Оддел за меѓународно право за бегалци и миграција.
УНХЦР е постојан партнер на Академијата кој во континутет ја поддржува работата на Академијата. Во рамките на оваа соработка реализирани се многу активности кои беа насочени кон јакнење на капацитетите на Академијата, но и за унапредување на правосудниот систем во Република Северна Македонија, со особен аспект на азилот и правата на бегалците.
На денешната средба се разговараше за сé она што беше постигнато во рамките на ова соработка во календарската 2022 година, но беа разгледани и можностите за реализација на нови заеднички активности во претстојната 2023 година во кои ќе се вклучи и Меѓународниот институт за хуманитарно право, Санремо, Италија. Оваа соработка ќе се однесува на успешно организрање на обуки и други форми на едукативни настани од областа на азилот, правата на бегалците и хуманитарното право преку кои целните групи на Академијата ќе ги унапредат своите знаеања но и се стекнат вештини кои ќе придонесат за поефикасно решавање на случаи од оваа област.
Оценката за досега сработеното со Канцеларијата на УНХЦР е позитивна, поради што, директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска изрази подготвеност Академијата да партиципира во реализација на нови активности со учество и поддршка на УНХЦР, но и на Меѓународниот институт за хуманитарно право од Италија.

