Академијата за судии и јавни обвинители со признание за својата работа во Скриниг извештајот на ЕК за Република Северна Македонија

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители останува и понатаму светла точка во реформскиот процес на правосудниот систем во Република Северна Македонија, доказ за тоа се годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија, во кои, континуирано Академијата добива позитивни оценка, како и признанието кое и е одадено од страна Европската комисија во скрининг извештајот од 20.07.2023 година, објавен на Веб страната на Европската унија-https://neighbourhoodenlargement.ec.europa.eu/system/files/202307/MK%20Cluster_1%20Draft%20screening%20report_external%20version.pdf

Покрај, позитивните оценки во однос на работниот процес наспроти расположливите институционални капацитетите и ресурси на Академијата, Европската комисија го поздравува и донесувањето на новиот Закон за Академијата со кој се промени начинот на полагање на приемниот испит, што претставува голема придобивка во подигање на квалитетот за селекција на најдобрите од најдобрите кои се пријавени на огласите за прием во почетната обука на Академијата, каде интересот е прилично голем и често ја надминува бројката од над 500 апликанти. Исто така, со новиот Закон постојните критериуми за влез во почетната обука на Академијата не се променија, и Академијата и понатаму останува единствена влезна во точка во професиите судија и јавен обвинител, решение кое е силно поддржано од Европската унија.

За Академијата пофалните зборови со кои и се оддава признание за нејзината работа се многу значајни, и истите претставуваат дополнителен поттик и мотивација за уште попрофесионално извршување на нејзините натамошни активности.

Академијата повеќе од 15 години го оправдува своето професионално постоење и улогата која ја има во правосудниот систем на Република Северна Македонија преку високо постигнати резултати кои се препознаени, како од домашните институции, така и од меѓународната заедница.

Веднаш по донесувањето на новиот Закон за Академијата на седницата на Управниот одбор која се одржа на 07.08.2023 година беше донесен новиот Статут кој ќе стапи на сила по неговото објавување во Службен весник на Република Северна Македонија, по што ќе се пристапи кон изготвување на нови подзаконски акти кои ќе бидат усогласени со новиот Закон.

Паралено со реалзиацијата на практичната настава за осмата генерација тече процесот за прием на слушатели кои ќе ја сочинуваат деветата генерација од почетната обука на Академијата.

Академијата работи посветено на остварувањето на својата визија и мисија, постојано надградувајќи ги своите работни процеси, притоа следејќи ги актуелните теми и случувања на европската сцена.

Признанијата кои стигаат од меѓународната заедница, посебно од Европската унија и Европската комисија во кои се мониторира и евалуира напредокот на Република Северна Македонија,  каде Академијата е оценета позитивно, во рамките на Поглавјето 23 се уште еден доказ во низата дека Академијата со право се смета за една од клучните институции во правосудството на Република Северна Македонија.

Спроведување ефикасна борба против корупција е еден од приоритетите на нашата земја и во таа насока, Академијата, во рамките на својот делокруг прави напори да реализира активности со кои ќе даде свој придонес, а воедно, ќе овозможи и унапредување на вештините и знаењата на судиите и јавните обвинители во Република Северна Македонија. Во моментов Академијата работи на реализација на договорените активности кои ќе се реализираат во соработка со Канцеларијата на ОН за корупција и дрога (УНДОЦ), која е повеќегодишен партнер и поддржувач на Академијата.

Меѓународната соработка е исклучителна важна во развојот на Академијата и истата ужива голем респект кај своите странски партнери и поддржувачи. Академијата соработува и партиципира во заеднички активости со правосудните институции задолжени за професионална обука на правосудството од регионот и пошироко. Од посебна важност е секако активното учество на Академијата во активностите на Европската правосудна мрежа (ЕЈТН), Академијата за европско право (ЕРА) и Европскиот институт за јавна админстрација – Центар за судии и правници од Луксембург (ЕИПА Лукс).

Аналогно на тоа, воспоставена е комуникација со ЕЈТН и ЕРА, во врска со нивниот заеднички предлог-проект до Европската комисија во рамките на JUSTICE програмата, кој се однесува екслузивно на едукација на судски службеници, со тоа што, доколку истиот се прифати, Академијата ќе има можност да идентификува 6 стручни соработници коишто ке добијат специјална едукација на тема „Меѓународна правна соработка во кривична и граѓанска област“ и дополнително уште 10, коишто ќе посетуваат посебни курсеви за учење на терминологијата поврзана со граѓанска и кривична област, повторно за меѓународната соработка и за правната соработка за предмети.

Учеството во програмата JUSTICE, е од особена важност за македонското правосудство во контекст на нашите стремежи за влез во ЕУ. Во таа смисла, доколку се потпише меморандумот за соработка со Европската Комисија, односно доколку се излезе во пресрет на потребите за котизација, согласно Меморандумот за соработка, Академијата ќе се стреми кон целосно искористување на потенцијалот што го нуди истата, во насока на спроведување на сите активности како за почетната, така и за континуираната обука, и кон размена на искуства со земјите од ЕУ. Исто така, важно е да се напомене и тоа дека откако ќе се потпише Меморандумот за соработка, истиот ќе се смета за активен и пред преносот на финансиските средства, па така нашата земја ќе се здобие со можноста веднаш да земе учество во Програмата.

Делот од Скрининг извештајот кој се однесува на Академијата преведен на македонски јазик можете да го прочитате тука.