Заменик директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени учествуваше на завршната конференција на Проектот INNOCENT во Прага, Чешка 18 април 2024 година

The INNOCENT Project Final Conference (CEELI Institute)

Во организација на CEЕLI Институтот, на 18 април 2024 година, во Прага, Чешка се одржа завршната конференција на Проектот INNOCENT кој е финансиски поддржан од Европската Унија, а на која учествуваше и заменикот директор на Академијата, судија м-р Илир Исени.

На конференцијата учестуваа и говореа судии, јавни обвинители и правни професионалци од Германија, Хрватска, Словенија, Чешка, како и претставници на релевантни институции и асоцијации кои делуваат во областите кои беа покриени со темите на кои се диксутираше на конференцијата.

Имено, во фокусот на конференцијата беа теми кои се во моментов најакутелни и предизвикуваат широк интерес кај правната фела, како што се: Конвенцијата за сајбер криминал, допуштеноста на дигиталните докази во судските постапки, односот помеѓу AI и презумцијата на невиност, а воедно беа разгледувани и дискутирани клучните европските директиви, при што беа понудени и практични примери кои нудат решенија за ефикасно решевање на случаите за сајбер криминал.