Во организација на CEЕLI Институтот, на 18 април 2024 година, во Прага, Чешка се одржа завршната конференција на Проектот INNOCENT кој е финансиски поддржан од Европската Унија, а на која учествуваше и заменикот директор на Академијата, судија м-р Илир Исени.
На конференцијата учестуваа и говореа судии, јавни обвинители и правни професионалци од Германија, Хрватска, Словенија, Чешка, како и претставници на релевантни институции и асоцијации кои делуваат во областите кои беа покриени со темите на кои се диксутираше на конференцијата.
Имено, во фокусот на конференцијата беа теми кои се во моментов најакутелни и предизвикуваат широк интерес кај правната фела, како што се: Конвенцијата за сајбер криминал, допуштеноста на дигиталните докази во судските постапки, односот помеѓу AI и презумцијата на невиност, а воедно беа разгледувани и дискутирани клучните европските директиви, при што беа понудени и практични примери кои нудат решенија за ефикасно решевање на случаите за сајбер криминал.