Календар на Активности

Последни Новости

Размена на искуствa зa гаранциите за независноста на судството помеѓу експерти од Франција и претставници на правосудството на Македонија

 | 23/05/013


Експерти од Генералниот инспекторат за судски услуги на Република Франција во периодот од 27 до 30 мај 2013 година, ќе остварат работна посета на Академијата за судии и јавни обвинители пришто ќе разменат  искуства за гаранциите за независноста на судството со претставници на правосудството на  Република Македонија.

 

На  27 и 28  мај 2013 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи и дводневена конференција посветена на темата „Гаранциите за независноста на судството“, каде експертите ќе имаат свои презентации на горенаведената тема, додека на 29 мај 2013 година согласно Агендата ќе остварат и работни посети на Врховниот суд на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и Министерството за правда на Република Македонија.


Повеќе

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНA OБУКА ЗА НОВИОТ ЗAКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

 | 23/05/013


МОДУЛ 3 Главна расправа

27 - 29 МАЈ 2013 ГОДИНА

Хотел Континентал - Скопје

 

Од 27 до 29 мај 2013 година, во хотел Континентал, со почеток во 10:00 часот, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД, ќе се одржи единаесеттата специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка која ќе се однесува на модул 3 – Главна расправа.

 

Целта на работилницата е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривичната постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на правосудната полиција, судиите, јавните обвинители и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка.

 

На обуката сите поважни одредби се разработени со теоретски дел кој е поткрепен со потребни материјали за практичните вежби кои заедно со прирачникот за обуката се објавени на web страната на Академијата. Поради интерактивноста на обуката и потребата од реализација на вежби од страна на учесниците на обуката потребно истите пред обуката да се запознаат со материјалите за вежбите.  


Повеќе

О Б У К А нa тема: „Дeкриминaлизација на клеветата-граѓанска одговорност за клевета и навреда/Праксата на ЕСЧП во врска со член 10 од ЕКЧП и други релевантни права“

 | 21/05/013


Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители организира обука на тема: „Декриминализација на клеветата-граѓанска одговорност за клевета и навреда/Праксата на ЕСЧП во врска со член 10 од ЕКЧП и други релевантни права“, која ќе се одржи на 22 мај 2013 година во просториите на Апелациониот суд Битола  со почеток во 10:00 часот.

 

Обуката задолжителна за судиите од граѓански оддели од апелационото подрачје на Битола.

 

За повеќе детали во врска со обуката погледнете го Календарот на активности со избирање на соодветниот датум.

 


Повеќе

О Б У К А на тема: „Зaстарeност на побарувањата, застој и прекин“

 | 21/05/013


Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители организира обука на тема: „Застареност на побарувањата, застој и прекин“, која ќе се одржи на 22 мај 2013 година во просториите на Академија за судии и јавни обвинители, Ламела I со почеток во 10:00 часот.

 

Обуката е наменета за судии од  граѓански оддели на  апелационите  подрачја на Скопје, Штип и Гостивар.

 

За повеќе детали во врска со обуката погледнете го Календарот на активности со избирање на соодветниот датум.


Повеќе

СПЕЦИЈАЛИЗИРAНA ОБУКА ЗA НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

 | 20/05/013


МОДУЛ 2 Истражна постапка

21 - 23 МАЈ 2013 ГОДИНА

Хотел Континентал - Скопје

 

Од 21 до 23 мај 2013 година, во хотел Континентал, со почеток во 10:00 часот, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД, ќе се одржи десеттата специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка која ќе се однесува на модул 2 – Истражна постапка.

 

Целта на работилницата е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривичната постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на правосудната полиција, судиите, јавните обвинители и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка.

 

На обуката сите поважни одредби се разработени со теоретски дел кој е поткрепен со потребни материјали за практичните вежби кои заедно со прирачникот за обуката се објавени на web страната на Академијата. Поради интерактивноста на обуката и потребата од реализација на вежби од страна на учесниците на обуката потребно истите пред обуката да се запознаат со материјалите за вежбите.  


Повеќе

С Е М И Н А Р на тема: „Кoнфискација на принoси од кривични дела / Улогата на органите надлежни за управување со конфискуван имот“

 | 17/05/013


Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија на ЕУ, организира семинар на тема: „Конфискација на приноси од кривични дела / Улогата на органите надлежни за управување со конфискуван имот“.

 

Семинарот ќе се одржи на 20 и 21 мај 2013 година (понеделник и вторник) во хотел„Карпош“ во Скопје, и истиот е наменет за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациони подрачја, како и за претставници од други релевантни институции.

 


Повеќе