Виртуелен регионален настан на тема: Борба против криминал и корупција во текот на пандемија

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Амбасадата на САД/Програма ОПДАТ во Скопје организираат виртуелен настан на тема: Борба против криминал и корупција во текот на пандемија, кој ќе се одржи на 30 јуни 2020 година со почеток во 13:30 часот.

На настанот ќе учествуваат правни советници од Програмата ОПДАТ како и јавни обвинители од: Северна Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Агендата согласно која ќе се одвива настанот можете да ја преземете Tука.