ТРКАЛЕЗНА МАСА на тема: „Заштита на децата странци во миграциски движења низ Република Северна Македонија“ (Demo)

            Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Претставништвото на УНХЦР во Скопје и ИОМ организира тркалезна маса за заштита на децата странци во миграциски движења низ Република Северна Македонија, која ќе се реализира на 16 декември  2021 година во хотел Александар Палас, Скопје.

            Тркалезната маса е наменета за судии и јавни обвинители кои работат на кривични и други случаи со непридружувани деца странци по миграциската рута. Воедно, на настанот ќе присуствуваат и претставници на централната и регионална гранична полиција, социјални работници, сектор за азил, народен правобранител, невладини организации и претставници од УНХЦР, УНИЦЕФ и ИОМ

            Главна тема ќе биде осврт на состојбата со заштитата и пристап до правата на децата странци без придружба кои се движат по миграциската рута низ државата, каде ќе се дискутира за позитивни и други искуства од досегашната пракса во постапување на правосудните и државните органи со овие деца во однос на меѓународните стандарди.

За дополнителни информации поврзани со настанот Ве молиме да се обратите на лицето задолжено за организацијата на e-mail адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел.02/2401-568.

            Тркалезната маса ќе се одвива согласно Агендата која можете да ја преземете со клик на: Агенда за тркалезна маса  „Заштита на децата странци во миграциски движења низ Република Северна Македонија“- 16 декември 2021 година

Учесниците кои не се во можност да учествуваат на обуката со физичко присуство, истата може да ја следат преку пристапување на следниот линк:

Invite Link       https://us02web.zoom.us/j/89978171670

Meeting ID     899 7817 1670

Pass code        000000