СОВЕТУВАЊЕ на тема „Признавање и извршување странски судски одлуки (кривична област)“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Признавање и извршување странски судски одлуки (кривична област), кое ќе се одржи на 6 октомври (среда) 2021 година, преку Zoom платформата.

               

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја, претставници на Министерството за правда и Адвокатската комора.

               

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Билјана Коцевска, судија на Основен кривичен суд Скопје и г-ѓа Гордана Милевска, раководител на Одделение за меѓународна правна помош во кривична материја, Министерство за правда.

 

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-565.