Серија виртуелни настани на ЕЈТН во рамки на портфолиот за Управно право (Demo)

Европската мрежа за правосудна обука ЕЈТН најави серија настани во рамки на портфолиото за управно право во формат: 1 тема/1 експерт/1 час кои ќе се имплементираат на 5 ноември 2020 година.

Напомена: Сите преостанати виртуелни настани планирани за до крајот на 2020 година ќе се реализира одеднаш, кон крајот на првата недела и почетокот на второтата недела од месец ноември.

Виртуелниот настан кој ќе се одржи на 5 ноември 2020 година, во временски период од 13 до 14 часот (Brussels time) е со наслов: Потреба од специјални национални правила за јавни набавки во време на пандемија и правото на Европската унија.

На темата ќе говори адвокат, Педро Сантос Азеведо, гостин-предавач на посдипломски студии за јавни набавки на правниот факултет Коимбра и на кандидати за докторанти на правниот факултет во Лисабон.

Настанот ќе се состои од краток вовед, 30 минути презентација, по што ќе следи сесија наменета за прашања и одговори.

По однос на темата: Постои итна потреба да се анализира не само што можат да направат јавните набавки во борбата против пандемијата Ковид 19, туку и што може да се стори во овој период на пандемија за јавните набавки. Говорникот Педро Сантос Азеведо ќе одржи предавање кое ќе се заснова на оваа претпоставка.

За да се пријавите на настанот не е потребна формална апликација, нема процес на селекција инту пак национална квота.

Доколку имате прашања во врска со настанот Ве молиме да се обратите на Giulia Carpentieri: giulia.carpentieri@ejtn.eu

 

CLICK THE LINK BELOW TO JOIN THE WEBINAR via MS Teams

Join Microsoft Teams Meeting