Р А Б О Т И Л Н И Ц А на тема: „Искуствата и практични аспекти на финансиските истраги и примената на мерката конфискација на имот и имотна корист“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Здружението за кривично право и криминологија на Република Северна Македонија, Центарот за стратегиски истражувања и Амбасадата на САД во Скопје, организираaт работилница на тема: Искуствата и практични аспекти на финансиските истраги и примената на мерката конфискација на имот и имотна корист која ќе се одржи на  26 ноември 2019 година (вторник), во Хотел „Хилтон“-Скопје.

 Работилницата се организира за судии, јавни обвинители и претставници од други релевантни институции.

Во рамките на работилницата свои излагања ќе имаат академик проф. д-р Владо Камбовски, Раководител на Центарот за стратегиски истражувања, проф. д-р Гордана Лажетиќ, Претседател на Здружението за кривично право и криминологија, г-а Челзи Шинур, правен советник во Амбасадата на САД во Скопје, г-н Винет Гаури од Федерално обвинителство Филаделфија-САД, г-а Валентина Бислимовска, јавен обвинител во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, д-р Лидија Раичевиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, м-р Тања Тасевска советник на главниот државен ревизор за ревизорски методологии и практика – Државен завод за ревизија, г-а Сузана Петровска од Финансова  полиција, г-а Искра Дамчевска од Управата за финансиско разузнавање.

Агендата согласно која ќе се одвива Советувањето можете да ја преземете Tука