Онлајн советување на тема „Стекнување без основ со посебен осврт на граѓански спорови кои произлегуваат од примена на Законот за даночна постапка“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Стекнување без основ со посебен осврт на граѓански спорови кои произлегуваат од примена на Законот за даночна постапка“ кое ќе се одржи на 17 мај (вторник) 2022 година, преку платформата ZOOM.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Амир Абдулаи, судија на Апелационен суд Скопје (во пензија) г-ѓа Билјана Јачева, судија на Основен суд Велес.

За повеќе информации поврзани со советувањето ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на тел. 02/2401-569 или на е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.