ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Новиот Закон за заштита на личните податоци“

                Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Новиот Закон за заштита на личните податоци“, кое ќе се одржи на 31 март 2021 година (среда) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за офицерите за заштита на личните податоци од сите судови во РСМ.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Игор Кузевски, заменик директор на Агенцијата за заштита на личните податоци и г-а Мануела Станоевска-Стоилковска, виш супервизор и раководител на одделение за нарушување на безбедноста и повреди на правото за заштита на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

                Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.

                Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат дополнително испратени до сите пријавени учесници.

                За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следниот e-mail:  Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.