ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: Граѓанските спорови кои произлегуваат од Законот за заштита од дискриминација (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Граѓански спорови кои произлегуваат од Законот за заштита од дискриминација.

Советувањето е наменето за судии, и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја. Советувањето ќе се одржи на 23 април (петок) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Санде Зиков,  судија на Апелационен суд Скопје и г-ѓа Хилда Мешкова, судија на Основен граѓански суд Скопје.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали :

1.Презентација-Закон за спречување и заштита од дискриминацја-Граѓански спорови кои произлегуваат од Законот за заштита од дискриминација

2.Презентација-ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА Обука за концептот на не-дискриминација за правни практичари

3.Презентација-—ИНДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА

За повеќе информации Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk