Онлајн советување на тема: „Актуелни граѓански спорови кои произлегуваат од договорите за градење и соинвеститорство“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема: „Актуелни граѓански спорови кои произлегуваат од договорите за градење и соинвеститорство“, кое ќе се одржи на 26 мај 2022 година (четврток), преку ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат: г-н Амир Абдулаи, (судија во пензија) Апелационен суд Скопје и г-а Катерина Георгиевска, судија во Аплеационен суд Скопје.

За дополнителни информации во врска со советувањето ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.