Онлајн промоција на тема ,,Анализа за употреба на напредни електронски алатки во судството’’

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Здружението за кривично право и криминологија и Министерството за правда на РСМ организира онлајн промоција на тема: ,, Анализа за употреба на напредни електронски алатки во судството’’ која ќе се одржи на 10 февруари 2021 година (среда), со почеток во 13:00 часот

Со поздравни обраќања настанот ќе го отвори шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Клеменс Која, министерот за правда на Република Северна Македонија, г. Бојан Маричиќ, претседателот на Здружение за кривично право и криминологија, проф. д-р Гордана Лажетиќ и директорот на Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска.

 

Програмата согласно која ќе се одвива настанот можете да ја преземете тука.

За учество  на настанот е потребно да пристапите на следниот линк:

 

Join Zoom Meeting

https://osce-org.zoom.us/j/96717880730

 

Meeting ID: 967 1788 0730

Passcode: 91521812