Одложена свечената церемонија по повод одбележувањето на 15 години од постоењето на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија (Demo)

Почитувани,
 
Академијата изразува искрена жалост и сочувство до семејствата на сите жртви од трагичната сообраќајна несреќа која се случи денес во Бугаријаво која животите ги загубија 45 македонски државјани.
 
Во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.
 
За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје. Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.
 
Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители ја одложува свечената церемонија по повод одбележувањето на 15 години од своето постоење,  која беше закажана за 25 ноември 2021 година, во хотел „Double Tree by HiltonСкопје.
 
Со почит,
Академија за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија