Онлајн советување на тема: „Член 4 од Протоколот 7 на ЕКЧП (забрана на двојно судење)- начело на ne bis in idem “ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн советување на тема  „ Член 4 од Протоколот 7 на ЕКЧП (забрана на двојно судење)-начело на ne bis in idem “  кое  ќе се одржи на 9 декември 2020 година (среда) на ЛМС веб платформата на Академијата, со почеток во 10:30 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

                Предавачи на советувањето ќе бидат, д-р Александар Маркоски, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, м-р Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес и д-р Јелена Ристиќ, адвокат, Адвокатска комора на Република Северна Македонија.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја превземете тука.

Упатство со насоки  за пристап на ЛМС платформата на Академијата, преку кој може да го следите советувањето:

  1. За да се приклучите на седницата, Ве молам да кликнете на следниов линк:

https://elearning.jpacademy.gov.mk/course/view.php?id=354

  1. Откако ќе го кликнете линкот, потребно е во полето User name да ја внесете Вашата мејл адреса, а во полето Password да го внесете Вашиот пасворд.
  1. 3.       По ова, ќе се вклучи прозорец во кој ќе има табела во која во колоната Course name ќе кликнете на Член 4 од Протоколот 7 на ЕКЧП (забрана на дојно судење)- начело на ne bis in idem и ќе излезе прозорец во кој ќе ја одберете иконата Онлине конференција.
  1. 4.  По ова, на новоотворениот прозорец ќе кликнете на Член 4 од Протоколот 7 на ЕКЧП (забрана на дојно судење)- начело на ne bis in idem и ќе се приклучите на советувањето.

Важна Напомена: Најдобро би било да се приклучите 10 минути пред почетокот на советувањето, како би реагирале навремено во случај на технички проблеми.