УНДП

УНДП во Северна Македонија ја поддржува Владата во градењето на инклузивно општество во кое секој ќе има пристап до услуги и ќе може да партиципира во донесување на одлуки со кои ќе се влијае на животот на граѓаните. Поддршката на УНДП вклучува развој на човечките и институционалните капацитети, знаења, демонстрирање решенија, градење на партнерства и собирање на средства за развој.

Целта на УНДП е да се зајакнат институциите и да се развијат вештините на јавната администрација за креирање политики и давање подобри услуги за сите. УНДП промовира учество на граѓаните во донесувањето на одлуки за да се зголеми одговорноста и отчетноста. Академијата за судии и јавни обвинители е еден од активните партнери за реализација на активностите на УНДП во Северна Македонија.