(мкд) Завршен настан посветен на Промоцијата на Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комукациите

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Денес (27.02.2020 година) во просториите на Академијата се одржа завршен настан по повод промоцијата на прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите кој е дел од Програмата DCAF за реформа на безбедносно-разузнавачките служби во Република Северна Македонија.

Имено, прирачникот се подготовуваше една година, истиот се базира на длабока анализа на меѓународни стандарди, особено на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права како и на националното законодавство во сферата на овластувањата  и надзорот на следењето на комукациите. Прирачникот преку четири посебни целини кои се меѓусебно поврзани, обезбедува јасни и практични показатели и насоки кои треба да претставуваат појдовна основа за обвинителите и судиите во барањето, одобрувањето примената и надзорот над имплеметанцијата на ПИМ мерките и други инвазивни методи за собирање информации од страна на безбедносно-разузнавачкиот сектор.

Прирачникот е подготвен од правни експерти и од членови на правосудниот систем во Република Северна Македонија. Истиот беше промовиран по четирите апелациони подрачја, а на промоцијата присуствуваа судии, јавни обвинители, стручни судски/јавнообвинителски соработници и претставници од Министерството за внатрешни работи, Царинска управа, Управа за финансиска полиција и Агенцијата за национална безбедност.

 

Со реализацијата на оваа промоција не завршуваат активностите во рамките на проектот и соработката со DCAF. Академијата ќе ја продолжи оваа успешно воспоставена соработка во текот на 2020 година и во тие рамки предвидено е да реализира повеќе активности.

Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик и е објавен на веб страната на DCAF и на веб страната на Академијата, во делот Публикации.