(мкд) Соопштение за прием на слушатели на почетна обука VII-ма генерација

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани,

Со задоволство Ве известуваме дека по долготраен процес кој траеше повеќе од една година, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“  ја изготви конечната ранг листа за приемот на нови 60 (шеесет) слушатели на почетна обука при Академијата. Во тој контекст, и покрај тоа што Академијата тековно и транспарентно ја известуваше јавноста за секоја фаза од испитната постапка, објавуваме краток хронолошки извештај за целокупниот тек на испитот, вклучително и текот на управната и управно- судската постапка.

Согласно Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на РМ“ бр.20/2015, бр.192/15, бр.231/15 и бр.163/2018) и Правилникот за полагање на приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители ( „Службен весник на РМ”, број 77/2015, 195/2015 и 115/2019),  постапката за селекција на идни слушатели на 7-ма генерација, започна со објавување на Јавен оглас за прием на 60 слушатели во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ (Сл. Весник бр.94/19) на ден 15.05.2019 година.

Од вкупно 673 пријавени, 643 апликанти ги исполнија формалните услови и со тоа го добија статусот кандидати за приемен испит во почетна обука. Согласно член 59 став 4 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на РМ“ бр.20/2015, бр.192/15, бр.231/15 и бр.163/2018) и член 55 од Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на РМ“ бр.56/2015, бр. 205/18 и бр.115/2019), кандидатите при пријавувањето добија испитна шифра, под која се водеа во текот на целата испитна постапка, со што се обезбеди анонимност и заштита на личните податоци на кандидатите при полагањето на испитот.

Процесот за влез во Академијата, хронолошки се одвиваше преку следниве фази, кои беа елиминаторни:

Полагање на тест за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски), кој се одржа во периодот од 26 – 27. 08. 2019 година. Од вкупно 643 пријавени кандидати, 554 кандидати го полагаа тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија. Притоа, вкупниот број на кандидати кои успешно го положија тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија изнесуваше 509 кандидати, кои се стекнаа со право на полагање на квалификацискиот тест.
Полагање на квалификациски тест, кој се одржа во периодот од 10-14.09.2019 година. Овој тест го полагаа вкупно 497 кандидати од кои 405 кандидати успешно го положија и се стекнаа со право на полагање на психолошкиот тест.

По полагањето на квалификацискиот тест, кандидатите имаа право на увид во тестот и право на  приговор во однос на резултатите од тестот до Комисијата за приемен испит, па така незадоволните кандидати до Комисијата за приемен испит поднесоа вкупно 147 приговори.

Незадоволните кандидати во однос на Решенијата на Комисијата за приемен испит, понатаму имаа право на жалба до Управниот одбор на Академијата. По тој основ, до Управниот одбор беа поднесени вкупно 75 жалби против решенија на Комисијата.

По завршување на постапката за одлучување по жалбите на кандидатите од страна на Управниот одбор, на ден 07.11.2019 година, а врз основа на одлуките на Комисијата и Управниот одбор, Академијата ја објави конечната ранг листа на кандидатите од полагањето на квалификацискиот тест бр. 08-484/2.

Полагање на психолошки тест 12-13.10.2019 година, кој го полагаа вкупно 377 кандидати, а го положија вкупно 348 кандидати и се стекнаа со право на полагање на тестот за интегритет ;
Полагање на тест за интегритет 26.-27.10.2019 година, кој го полагаа 345 кандидати, а го положија вкупно 332 кандидати, кои се стекнаа со право на полагање на испитот;

По однос на психолошкиот тест и тестот за интегритет, не е предвиден посебен приговор.

Полагање на испит, кој се состои од:

– практичен дел (писмен), кој се одржа во периодот од 09.-11.11.2019 година и,

–   устен дел, кој се одржа во периодот од 14. -23.11.2019 година.

Право на полагање на писмениот дел имаа 332 кандидати. Писмениот дел го полагаа 329 кандидати, а потоа 297 кандидати го полагаа усниот дел од испитот. По завршувањето на усниот дел од испитот, Комисијата за приемен испит утврди прелиминарна листа на оценки на кандидатите од одржаниот писмен и устен дел од приемниот испит и истата ја објави на 23 ноември 2019 година, согласно која 314 кандидати го положиле испитот, а 15 не го положиле. Кандидатите имаа право на увид во писмениот дел од испитот, како и право на приговор во однос на резултатите од испитот до Комисијата за приемен испит, па така беа  поднесени вкупно 138 приговори против објавените оценки, a против решенијата на Комисијата за приемен испит, до Управниот одбор на Академијата кандидатите беа поднесени вкупно 89 жалби. По завршувањето на целокупната постапка по жалби, односно управната постапка пред Академијата во прв и втор степен, Комисијата за приемен испит на 44- та седница, одржана на 28.01.2020 година, по извршен преглед во сите делови од испитот, по завршување на постапката по приговори и по жалби по испитот (писмен и усен дел), изврши увид и проверка во бодирањето и вкупно освоените бодови. Врз основа на одлуките на Комисијата и Управниот одбор, Комисијата ја утврди прелиминарната листа од испитот (писмен и усен дел) бр.08-62/3 од 28.01.2020 година, каде кандидатите беа прикажани под нивните испитни шифри и истата беше објавена на веб страната на Академијата.  Со тоа се констатираше завршување на управната постапка, односно нејзина конечност.

Од страна на кандидатите до Управниот суд против решенијата на Комисијата за приемен испит и Управниот одбор на Академијата, беа поднесени вкупно 68 (шеесет и осум) тужби и 1 (еден) предлог, од кои првата тужба беше поднесена на ден 03.01.2020 година. Од овие предмети, 43 (четириесет и три) се проследени до Вишиот управен суд, по жалби на пресуди од страна на кандидатите, како и од страна на Академијата за судии и јавни обвинители.

Врз основа на тоа, управно- судската постапка траеше вкупно 6 ( шест) месеци.

По правосилното завршување на сите управно- судски постапки со кои беа заштитени кандидатите, Академијата врз основа нa член 89 и 90 став 2 а во врска со  член 9 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на РМ“ бр.20/2015, бр.192/15, бр.231/15 и бр.163/2018)  и член 42- а од Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ( „Службен весник на РМ“ бр.56/2015, бр. 205/18 и бр.115/2019) ја објавува листа на кандидати со вкупно освоени бодови на приемниот испит и ранг листата на примени слушатели во почетна обука на Академијата, со име и презиме на кандидатите: