(мкд) ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА АИАКОС ПРОГРАМАТА 2020 НА ЕВРОПСКАТА ПРАВОСУДНА МРЕЖА (ЕЈТН)

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Повикот за пријавување за АИАКОС програмата 2020 година на Европската правосудна мрежа е отворен за земјите од Западен Балкан.

 

Исто како и изминатата година, размената со АИАКОС програмата 2020 наменета за идните или новоизбраните судии и јавни обвинители со стаж до 2 години, ќе се организира во следните четири недели во различни правосудни институции на земјите членки на ЕУ:

 

  • Пролетен термин: 11-15 Мај  2020  и 25-29 Мај 2020
  • Есенски термин: 2-6 Ноември 2020 и 16-20 Ноември 2020

 

Доставувањето на листата на учесници од страна на Академијата до ЕЈТН треба да биде во следните рокови

 

  • За пролетниот термин краен рок  6 Март 2020
  • За есенскиот термин (2-6 и 16-20 Ноември 2020) – краен рок 15 јули 2020

 

За таа цел Ве молиме Вашето присуство да го пријавите во најкус можен рок со цел Академијата да може навремено да ја испрати листата на учесници.

Вашето учество можете да го пријавите на следната е-маил адреса: Sanja.Pandilov@jpacademy.gov.mk

За дополнителни информации можете да се обратите на следниот телефонски број: 02/2401-577 кај м-р Сања Пандилов, Раководител на Сектор за правни работи,управување со човечки ресурси и меѓународна соработка.

 

Листа на учесници за пролетниот термин ќе биде прикачена на платформата за Програми за размена најдоцна до петок 6 март 2020 година.

 

Учесниците од земјите на Западен Балкан ќе бидат алоцирани во институциите – домаќини од страна на Секретаријатот на ЕЈТН согласно слободните места.

 

Потенцијални слободни земји-домаќини се: Белгија, Бугарија, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија и Шпанија.

AIAKOS PROGRAMME 2020 FINANCIAL CONDITIONS

Frequently Asked Questions