(мкд) Онлајн обука за обучувачи за слобода на изразување

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Денес 04 ноември 2020 година, Академијата за судии и јавни обвинители согласно ХИ 37 Проектот: Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2), којашто е дел од заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, имплементирана од страна на Советот на Европа започна со реализација на обука за обучувачи наменета за правни професионалци коишто се сертифицирани обучувачи од првата фаза од проектот ЈУФРЕКС при Советот на Европа,  преку онлајн платформата ЗООМ.

Целта на овој настан е на едно место да се соберат веќе обучените обучувачи, како и обучувачите коишто допрва треба да се обучат заедно со меѓународен и локален експерт за слобода на изразување, коишто ќе бидат обучувани со користење на Прирачникот за слобода на изразување и медиуми и ажурираните модули на Прирачникот, како и додатоците на постоечките модули. Концептот на настанот е во форма на кратко резиме на фаза 1 од обуката како воведен дел и детална презентација на новата содржина на Прирачникот за време на првиот ден од обуката и целосна презентација на Прирачникот на вториот ден од обуката.

 

Настанот го отвори со воведно обраќање директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, која истакна дека продолжувањето на проектот Јуфрекс е исклучително важно посебно поради фактот што овој проект се фокусира на темата слобода на изразување како тема која е постојано во фокусот на вниманието на јавноста. Академијата активно е вклучена во активностите кои се предвидени во рамки на овој проект но исто така партиципираше и во реализацијата на Проектот Јуфрекс 1 чија реализација беше успешна. Искуствата стекнати па пат на размена, во која се вклучени и странски експерти се покажаа како моќна алатка за унапредувањето на вештините на судиите и јавните обивнители во однос на имплементацијата на човековите права во нашата земја, па оттука, директорот на Академијата ја израз својата подготвеност за понатамошно учество и реализација на вакви едукативни настани.

Експертот на Советот на Европа,г. Ара Газарјан во рамките на свото излагање даде краток преглед и се осврна на клучните моменти во  рамките Јуфрекс 1. Како што истакна тој вистински предизвик е да се организираат транинг сесиите лице во лице, но сега поради состојбата со Ковид 19 потребни се промени и одредени  прилагодувања со користење на  разни онлајн платформи. Најважно од се е да се реализираат предвидените активности. Акценот во излагањето на експертот на Совет на Европа беше ставено на прирачниците и на методологиите, како и на изборот на вистинските алатки и пристапи за успешно усвојување на знаењата, поврзани со Европската конвенција за човековите права и членот 10- Слобода на изразување.

Со настанот модерираше судија Лидија Димова, претседател на Основен суд Велес, која во рамките на своето поздравно обраќање, како обучувач чија задача беше одржување на обуки за националните судии и јавни обвинители за слободата на изразување  истакна дека покрај каскадните обуки кои ги реализираа за новите обучувачи, обучениот тим обучувачи, реализираа и континуирана настава, а оваа година за прв пат одржаа и предвање за слушателите во почетната обука на Академијата за членот 10 од ЕКЧП. Таа исто така во рамките на своето излагање се осврна и на почетоците од 2017 година кога се случила и првата обука за слобода на изразување како резултат на барањата за создавање на обучени обучувачи во ова поле кои подоцна успешно ќе ги спроведуваат обуките наменети за своите колеги. Таа во своето излагање подвлече дека РСМ има потреба од обуки за слобода на изразување посебно од обучени обучувачи, кои ќе имаат одредени способности и вештини со цел да ги пренесат своите знаења и со тоа ќе дадат придонес во надминувањето на дилемите во секојдневната работа на судиите и јавните обвинители.

Во рамките на оваа проектна активноста утре (5 ноември 2020 година) ќе се одржи уште една обука на која покрај обучените обучувачи во рамките на Јуфрекс 1 кои беа дел од денешната обука, ќе присуствуваат и судии и јавни обвинители кои постапуваат по предмети од оваа област. Имено, поради зголемениот обем на обуки во Академијата посветени на оваа тема, посебно во рамките на програмата за почетна обукаа се јави потреба од обучување на поголем број судии и јавни обвинители кои ќе се оспособат за спроведување на обуки за членот 10 во иднина.

Од говорниците на денешната обука беше напоменато дека за да се реализира една обука со успех потребно е истата да се базира на 70% пракса/вежби и 30% теорија. Ваквиот концепт Академијата го воведе со Правилникот за теоретска настава и започна да го применува во рамките на предавањата во теортската настава за VII та генерација слушатели на Академијата.

Во текот на утрешниот ден покрај просторот оставен за сумирање на резултатите од обуката, прашања и одговори, ќе бидат презентирани и практични вежби со кои ќе се дојде до креативни решенија за надминување на недостатоците при имплементацијата и исчитувањето на содржината на член 10 од ЕКЧП.