Одржана средба за започнување на ХЕЛП курсот „Права на заштита на податоци и приватност”

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

На 18 февруари 2020 г., во Скопје, се одржа средба за започнување на курсот „Права на заштита на податоци и приватност”, во организација на Адвокатската комора на РСМ, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.  Курсот е поддржан од страна на ХЕЛП Програмата на Советот на Европа и Европската унија.

На средбата со поздравен говор се обратија претседателот на АКРСМ, г-дин Љубомир Михајловски и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Наташа Габер-Дамјановска. Свое обраќање имаа и г-ѓа Софи Квасни, раководител на одделот за заштити на лични податоци при Советот на Европа, г-дин Имер Алиу, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и г-ѓа Валентина Боз, проектен координатор на ХЕЛП Програмата за Западен Балкан, како и националните тутори г-ѓа Јелена Ристиќ и г-а Александра Стојановска Тасевска. На средбата присуствуваa 50 адвокати и 12 судии.

Kурсот „Права на заштита на податоци и приватност“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци во 28-те земји членки на ЕУ, позната и како „ХЕЛП во 28-те”. Се работи за програма на Совет на Европа со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.

Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи првенствено за on line курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Во организација на Адвокатската комора на РСМ досега се одржаа повеќе ХЕЛП курсеви од  областа на човековите права при што со сертификати  за успешно завршен курс се здобија повеќе од 200 адвокати.