(мкд) ОБУКА на тема „Уставна жалба – актуелен опсег и можно идно проширување“

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online обука на тема „Уставна жалба – актуелен опсег и можно идно проширување“. Обуката е наменета за судии и стручни соработници од сите апелациони подрачја. Предвидено е да се одржи на 26 мај (среда) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

Предавач на обуката ќе биде г-ѓа Маргарита Цаца-Николовска, претседател на Институтот за човекови права, поранешен судија на Врховниот суд на РСМ, Европскиот суд за човекови права и на Уставниот суд на БиХ.

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат испратени до сите пријавени учесници.

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса

Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk