Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа ,,Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција-фаза II ” организира обука за слобода на изразување и почетокот на ХЕЛП онлајн курсот, кој ќе се одржи на 29 септември 2021 година (среда), со почеток во 10:00 часот.
Со воведни обраќања настанот ќе го отворат: Г-а Наташа Габер-Дамјановска, Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Г-а Јелена Ристиќ, Потпретседателка на Адвокатската комора на Северна Македонија, Г-дин Јулиан Васало, Заменик Шеф на Делегацијата на Европската Унија и Г-а Лејла Дервишагич, Раководителка на оперативно работење, Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје
За повеќе информации поврзани со курсот Ве молиме да се обратите на e-mail: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел.02/2401-568.
Агендата согласно која ќе се одвива настанот можете да ја преземете тука.