SJORSM

Соработката на Академијата со СЈОРСМ е долгогодишна и континуирана, преку разни програми за обука и тркалезни маси наменети за специјализација на засегнатите субјекти, дотолку повеќе што ваквата соработка е предвидена и со законски одредби кои се однесуваат на работата и на двете институции. Во таа смисла, СЈОРСМ именува двајца членови од редовите на судиите за членови на УО на Академијата, а исто така членува во Програмскиот совет на Академијата, како и во Комисијата за ревизија на одржаните испити преку членови од сопствените редови, на кој начин директно учествува во дел од активностите кои ги спорведува Академијата во делокругот на нејзиното работење. Исто така, СЈОРСМ дава предлози за ментори во АСЈО што претставува значаен дел во образовниот процес при почетната обука на кандидати во Академијата. Меѓу другото, СЈОРСМ има клучна улога врз бројот на продуцирани кадри од Академијата, бидејќи согласно законот, бројот на слушатели на почетната обука се определува врз основа на одлуката на Советот на јавни обвинители на РСМ, земајќи го предвид вкупниот број на слободни места за јавнообвнителски места во основните јавни обвинителства, како и проекцијата за потребите од местата кои ќе се пополнуваат по завршување на почетната обука.

Што се однесува до соработката со СЈОРСМ во правец на утврдување на индивидуалните потреби за обука и за усовршување на секој судија и обвинител, има голема важност, особено со оглед на резултатите од годишната евалуација и оцена на нивната работа, а заради унапредување на нивните знаења во оние сегменти каде што има потреба од подобрување на квантитетот и квалитетот на работењето.