Соработката на Академијата за судии и јавни обвинители со Здружението на судии на РСМ, се забележува преку организирање на заеднички и мултидисциплинарни обуки со учество на предавачи и учесници од соодветни профили. Исто така, во рамки на меѓусебната соработка, Здружението на судии назначува членови од своите редови кои се дел од Комисиите за приемен и за завршен испит во Академијата, на кој начин се овозможува директен увид и одлучувачка улога во текот и спроведувањето на испитите во Академијата. Исто така, Управниот одбор на Здружението на судии назначува судија за член на Управниот одбор на Академијата и негов заменик, согласно законските одредби.
Меѓу другото, во текот на 2021 година, Академијата за судии и јавни обвинители и судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија го потпишаа меморандумот за соработка за активности во насока на промоција на Судско-медиумскиот совет и на
унапредување на соработката во областа на судската транспарентност и на континураната обука на судиите и јавните обвинители. Во рамките на овој меморандум е предвидена орагнизација на заедничи активности, обуки, семинари и на друг вид едукативни настани.