Академијата за судии и јавни обвинители и Нотарската комора на Република Македонија, потврдувајќи ја заедничката заложба да дадат свој придонес за зајакнување на капацитетите на судството и нотаријатот, преку развивање меѓусебна соработка во насока на соодветна примена на законите во областите од интерес на судството и нотаријатот, исто така имаат потпишано Меморандум за соработка чија содржина се остварува во рамки на нивната законска надлежност и тоа преку: одржување заеднички обуки на судиите, јавните обвинители и нотарите за нивно континуирано стручно усовршување; донација на стручна литература; ангажирање меѓународни предавачи и експерти; овозможување учество при студиски посети и конференции во странство; развивање e-learning модул за обука на судиите, јавните обвинители и нотарите.
Notary Chamber of the Republic of North Macedonia