Judicial Council of the Republic of North Macedonia

Соработката на Академијата со ССРСМ е долгогодишна и континуирана, преку разни програми за обука и тркалезни маси наменети за специјализација на засегнатите субјекти, дотолку повеќе што ваквата соработка е предвидена и со законски одредби кои се однесуваат на работата и на двете институции. Во таа смисла, ССРСМ именува двајца членови од редовите на судиите за членови на УО на Академијата, а исто така членува во Програмскиот совет на Академијата, како и во Комисијата за ревизија на одржаните испити преку членови од сопствените редови, на кој начин директно учествува во дел од активностите кои ги спорведува Академијата во делокругот на нејзиното работење. Исто така, ССРСМ дава предлози за ментори во АСЈО што претставува значаен дел во образовниот процес при почетната обука на кандидати во Академијата. Меѓу другото, ССРСМ има клучна улога врз бројот на продуцирани кадри од Академијата, бидејќи согласно законот, бројот на слушатели на почетната обука се определува врз основа на одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, земајќи го предвид вкупниот број на слободни места за судии во основните судови, како и проекцијата за потребите од местата кои ќе се пополнуваат по завршување на почетната обука.

Што се однесува до соработката со ССРСМ во правец на утврдување на индивидуалните потреби за обука и за усовршување на секој судија и обвинител, има голема важност, особено со оглед на резултатите од годишната евалуација и оцена на нивната работа, а заради унапредување на нивните знаења во оние сегменти каде што има потреба од подобрување на квантитетот и квалитетот на работењето.