Faculty of Philology “Blaze Koneski” Skopje

Академијата за судии и јавни обвинители и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес да дадат свој придонес за зајакнување на капацитетите на судството преку Академијата за судии и јавни обвинители, како еден од главните приоритети за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, преку развивање меѓусебна соработка во насока на обезбедување на обуки за изучување на странски јазици, потпишаа меморандум за соработка.

Соработката меѓу двете институции се остварува во рамки на нивната законска надлежност и вклучува: одржување обуки на судиите и јавните обвинители и на други целни групи за нивно континуирано стручно усовршување, одржување часови за слушателите на почетната обука во рамките на Програмата за почетна обука – теоретска настава на Академијата за судии и јавни обвинители, одржување обуки за континуирана едукација на одреден странски јазик и користење стручна правна терминологија на странски јазик на службените лица од стручната служба на Академијата за судии и јавни обвинители, развивање e-learning модул за обука на судиите и јавните обвинители за изучување на странски јазик и т.н.

За обуките и другите активности во рамки на меѓусебната соработка, се врши и размена на предавачи, учесници, искуства и знаења.