EJTN – European judicial training network

Европската мрежа за правосудна обука ЕЈТН е главна платформа и промотер на обуки и размена на знаења за Европското правосудство. ЕЈТН ги претставува интересите на над 120.000 европски судии, јавните обвинители и судски обучувачи низ цела Европа.

ЕЈТН е формирана во 2000 година, областите во кои е ангажирана вклучуваат: право на ЕУ, граѓанско, кривично и трговско право како и обуки посветени на лингвистиката и социологија. Визијата на ЕЈТН е да пружи помош и да ја подигне заедничката правна и судска европска култура.

ЕЈТН развива стандарди и програми за обуки, координира размени и програми за обука во правосудството, шири стручност и промовира соработка помеѓу правосудните инстутици во ЕУ чија главна дејност е обука на судиите и јавните обвинители.

Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија партиципира од самиот почеток во активностите на ЕЈТН како земја-членка со статус набљудувач. Преку Академијата, голем број на судии и јавни обвинители биле и се дел од обуките кои ги организира ЕЈТН, а за кои ЕЈТН до Академијата доставува секоја година каталог за обуки кои пак, Академијата редовно ги објавува на својата Веб страна. Истовремено, Академијата им овозможува и на новозбираните судии и јавни обвинители преку АИКОС програмата на ЕЈТН да ги посетуваат обуките кои се предвидени со оваа програма и на тој начин да ги прошират своите познавања за европската легислатива.

ЕЈТН нуди и можности за размена на знаења преку организирање на студски посети.