Директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска учествува на работилница посветена на Законот за Уставен суд на СР Германија, одредби и практики со акцен на воведување на уставна жалба

Денес (5 декември 2019 г.) во организација на Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ и Уставниот суд на Репбулика Северна Македонија се одржува работилница на тема: Законот за Уставен суд на СР Германија, одредби и практики со акцент на воведување на уставна жалба.

Денешната работилница е продолжение на работилницата која се одржа на 4 декември 2019 година на тема: Значењето на уставната жалба за правната заштита на граѓаните и за развојот на националното право, која беше во организација на Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ и Институтот за Демократско општество Социетас Цивилс, Скопје.

На настанот со поздравно обраќање до присутните се обратија г. Сали Мурати, претседател на Уставен суд на Република Северна Македонија, Н.Е. Томас Герберих, амбасадор на СР Германија во Република Северна Македонија и д-р Штефан Пирнер, адвокат, раководител на проектите за „Југоисточна Европа“ при ИРЗ.

Целта на овие настани е да се покрене дискусија за воведување на уставната жалба во Република Северна Македонија.