Директорката на Академијата проф. д-р Наташа Габер Дамјановска присуствуваше на свечениот чин по повод предавањето на IADLEST – Сертификатот за меѓународна акредитација на Центарот за полициска обука

На покана на помошник министерот на Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, г. Гоце Бачанов, директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска присуствуваше на свечениот чин по повод предавањето на IADLEST – Сертификатот за меѓународна акредитација на Центарот за полициска обука кој се одржи на 30 март 2022 година во Центарот за полициска обука во Идризово.

Присуството на директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска на овој свечен чин претставуваше потврда за успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата и Центарот за полициска обука  која е посебно важна за реализацијата на низа активности кои се од значење за унапредувањето на правосудниот систем во Северна Македонија.