ИОМ Мисија

Мисијата на ИОМ во Северна Македонија е основана во 1999 година со цел да се даде поддршка на земјата во имплементацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација, со посебен фокус на менаџирањето на миграцијата.

Оттогаш, активностите на ИОМ Скопје се проширија и кон решавање на различни итни прашања поврзани со миграцијата вклучувајќи: трговија со луѓе, јакнење на техничката соработка и институционалните капацитети во областа на миграцијата, програми за доброволно враќање и реинтеграција, програми за економска стабилност и т.н.

Стратегијата на ИОМ ги има предвид процесите за членството во ЕУ и потребата од прогресивно усогласување со правото на ЕУ за миграција како еден од главните движечки елементи на нејзините активности.

Примарната цел на ИОМ во Северна Македонија е да дејствува во партнерство со Владата и националните и меѓународните партнери се со цел да работи кон зајакнати и храмонизирани стандари во сите клучни области поврзани со миграцијата.