Правни факултети

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Јустинијан Први“ УКИМ, потврдувајќи ја заедничката заложба да дадат свој придонес за зајакнување на капацитетите на правосудството преку развивање меѓусебна соработка на полето на континуирана едукација на судиите и јавните обвинители во 2017 година склучија меморандум за соработка, која се остварува во делот на законските надлежности на двете институции, преку: овозможување на Академијата, по потреба, да ги користи ресурсите во просториите на правниот факултет Јустинијан први, вклучително ИТ опремата, при симулацијата на судски процеси, за реализација на практични обуки за слушателите на почетна обука и кандидатите за судии и јавни обвинители, донација на стручна литература итн.

Исто така, Академијата соработува и со други правни факултети од РСМ и тоа преку ангажирање на професорите од правните факултет за потребите на едукација на целните групи на Академијата, реализација на заеднички апликативни проекти, соработка во организирање на конференции, советувања и тркалезни маси и т.н. Соработката се остварува и заради развој на програми за професионално ориентирање на студентите на овие факултети и промовирање на улогата и дејноста на Академијата во изборот на професијата и за привлекување на најдобрите студенти во правосудната професија.