ДЦАФ

ДЦАФ им помага на земјите-партнери во развивањето закони, институции, политики и практики за подобрување на управувањето и отчетноста на безбедносниот сектор. Меѓународните норми и принципите на непристрасност, локална сопственост, инклузивно учество и родова еднаквост се основата на поддршката на националните реформи од страна на ДЦАФ.

Од 2017 година, Владата на Република Северна Македонија ги интензивираше напорите за евроатлантска интеграција на земјата и започна важни реформи во безбедносниот и разузнавачкиот сектор, унапредувајќи ја демократската транзиција и утврдувајќи враќање на довербата на јавноста во државните институции.
Во поддршка на овие реформи, ДЦАФ спроведе „Програма за реформа во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија“ од ноември 2017 до март 2021 година. Во рамките на Програмата, ДЦАФ соработуваше со Академијата во поддршка на судскиот систем во Северна Македонија за зајакнување на капацитетот за независен надзор над употребата на инвазивни методи за собирање информации од страна на органите на прогонот и разузнавачките служби. Програмските активности се фокусираа на развој на продукти за знаење и можности за обуки специјално дизајнирани да им овозможат на членовите на судството да ги применат во правната практика релевантните правни критериуми и принципи што произлегуваат од судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Во текот на 2018-19 година, Програмата забележа развој на структуриран и систематски дијалог во националното судство на тема судско одобрување на инвазивни методи. Тоа создаде зголемено вреднување и свест за улогата на судството како моќна заштита од злоупотреба на инвазивните методи. Понатаму, Програмата разви Прирачник за спроведување на мерките за следење на комуникациите, публикација дизајнирана како водич за практичарите вклучени во барањето, овластувањето и контролирањето на употребата на инвазивни методи во примена на пропишаните стандарди од ЕСЧП. Од крајот на 2019 година, Програмата се фокусираше на развивање локални капацитети за обука и обезбедување континуирана дисиминација на знаење и добри практики во судското одобрување на инвазивни методи. Обуките и работилниците беа дизајнирани и организирани заеднички со Академијата.
Врз основа на овие резултати и инспирирани од локалните засегнати страни и донатори, почнувајќи од 01 април 2021 година, ДЦАФ ја започна следната програма со наслов „Програма за реформа во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“ (2021-2026). Холандија, Шведска и Швајцарија ја финансираат оваа Програма.
Програмата цели кон осигурување дека разузнавачките и безбедносните служби во Северна Македонија дејствуваат ефикасно согласно владеење на правото и под ефективна демократска контрола и надзор (програмска цел). Програмата се обидува да даде ефективен и одржлив придонес кон подобрено демократско управување со безбедносниот сектор, придонесувајќи за подобра стабилност, владеење на правото и безбедност на државата и граѓаните (развојна цел).
Соработката помеѓу Академијата и ДЦАФ во спроведувањето на „Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“ (2021-2026), воспоставена со потпишаниот Договор за соработка на 18.11.2023, придонесува за зајакнување на судската компетентност и капацитет за одобрување на инвазивни методи за собирање информации, со што ќе придонесе за зголемена судска независност во Република Северна Македонија.
Во таа насока, ДЦАФ ја поддржува Академијата за да го зајакне својот капацитет и експертиза во организирање едукативни активности фокусирани на судско одобрување на инвазивните методи за собирање информации и опфаќање на почетното ниво (слушателите) и судиите и јавните обвинители. Поддршката на ДЦАФ за Академијата ќе цели да развие локални капацитети за обуки со судии и јавни обвинители во областите релевантни за примена на инвазивните методи за собирање информации и судска контрола над нив. Ова е предуслов за одржливи Програмски резултати.