Адвокатска комора на Република Северна Македонија

Согледувајќи ја потребата за продлабочување на меѓусебната соработка, потребата од промоција и афирмација на положбата и постојаното стручно усовршување на судиите, јавните обвинители и адвокатите, како и неопходноста од заедничко и координирано дејствување во остварувањето на овие заеднички цели, Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Република Северна Македонија во 2013 година потпишаа меморандум за соработка.

Во таа смисла, активностите кои произлегуваат од соработката на Академијата и Адвокатксата комора се однесуваат на промоција и дефинирање на етичките вредности и меѓусебното почитување помеѓу адвокатите, судиите и јавните обвинители како есенцијални учесници во судските постапки; размена на едукатори и организација на обуки за обучувачи; подготовка на материјали за обука и стручни прирачници, имајќи го во предвид значењето на размената на практичните искуства помеѓу различните целни групи за успешно и сеопфатно спроведување на обуките; заедничка организација на континуирани обуки за своите целни групи, работни средби и јавни настапи, како и заедничи настапи на проекти кои се во насока на стручно и професионално усовршување на адвокатите, судиите, јавните обвинители и другите правни професионалци и практичари.