
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „Постапка и услови за признавање и извршување на странски судски одлуки” кое ќе се одржи на 15 ноември (петок) 2024 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични и граѓански оддели од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наталија Донева, судија на Апелационен суд Скопје, г-ѓа Александра Заринска Дуровска, извршител Проф.д-р. Илија Руменов, професор на Правен факултет Јустинијан Први.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: