Академијата реализираше обука на тема: „Утврдување на ништовност на нотарски акти“

IMG-664a61

Академијата за судии и јавни обвинители на 21 април 2026 година реализираше обука на тема: „Утврдување на ништовност на нотарски акти“, која беше наменета за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја на Република Северна Македонија.

Обуката ја спроведоа: Лилјана Ситнокоска, судија во Основен суд Кавадарци и м-р Марјан Коцевски, нотар.

Целта на одржаната обука беше да се унапредат знаењата и практичните вештини на учесниците во однос на правилната примена на законските одредби при составување на нотарски акти, со посебен фокус на спречување на причините што доведуваат до нивна ништовност.

Преку анализа на судската пракса и најчестите основи за утврдување ништовност, обуката имаше за цел да овозможи подобро разбирање на разликите помеѓу нотарските акти и потврдените прифатни исправи, како и обврските на нотарите во тие постапки.

Дополнително, обуката придонесе за отворање на практични дилеми, поттикнување интеракција и размена на искуства меѓу учесниците, со што се збогатија нивните сознанија и се унапреди професионалната пракса во оваа област.