Академијата за судии и јавни обвинители на 22 април 2026 година спроведе обука на тема: „Примена на Законот за судска служба, статусот на судските службеници и постапка за унапредување“, која беше наменета за судски администратори и раководители од сите судови во Република Северна Македонија.
Обуката ја реализираа: м-р Лидија Таневска Јадровска, шеф на кабинет и самостоен судски советник во Врховен суд на Република Северна Македонија и Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.

На обуката беа разработени основните одредби од Законот за судска служба кои се однесуваат на статусот на судките службеници и постапката за унапредување во судската служба. Воедно, беше опфатена квалификацијата на работните места на судските службеници, правата, должностите и унапредувањето на судските службеници, со посебен осврт на одредбите во Законот за судска служба за интерниот оглас.
Учесниците за време на обукaта имаа можност да го искажат својот став во поглед на законските одредби и нивната применливост односно неприменливост, потешкотиите со кои се соочуваат во постапките за унапредување, како и примената на одредбите од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас.

