Директорот на Академијата, проф д-р Габер Дамјановска и додели благодараница на Амбасадата на САД за досегашната успешна соработка

Денес (05.11.2019) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работен состанок со правниот совеник на Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД, г-а Chelsea Schinnour.

Работниот состанок е дел од редовните средби кои се реализираат помеѓу претставници на  Академијата за судии и јавни обвинители и претставници на Амбасадата на САД во Скопје.

Целта на средбата беше дефинирање на тековните активности до крајот на календарската 2019 година, како и разгледување на можности за нови заеднички активности кои ќе бидат опфатени во 2020 година преку нови проекти. Директорот на Академијата, проф д-р Габер Дамјаниовска побара да се прошират идните активности и во нивни рамки да бидат опфатени повеќе судиите кои постапуваат од областа на граѓанското право, бидејќи досегашната соработка во голем дел беше фокусирана на казненото право.

Средбата претставуваше одлична можност да се додели благодараница за досегашната соработката помеѓу Академијата и Програмите при Амбасадата на САД чиј придонес за развојот на правосудниот систем е од огромно значење. Директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска се заблагодари за континуираната поддршка која Академијата ја добива од Амбасадата на САД во Скопје, како и за поддршката за креирањето на новата Веб страна на Академијата, којашто е дизајнирана на начин што ќе е овозможи поeдноставен, побезбеден и побрз начин за нејзина манипулација.

Во името на Амбасадата на САД, оваа благодарница ја прими правниот советник на Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД, г.  Chelsea Schinnour.