СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Водење на граѓанска евиденција“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Водење на граѓанска евиденција“, кое ќе се одржи на 10 јуни  2021 година (четврток) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судските службеници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и г-а Весна Андоноска, самостоен судски советник, секретар на оддел за судска пракса во Врховен суд на Република Северна Македонија.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.